Основач

Ај – Ди Дизајн е формирана на 24 Февруари, 2012 година (Матичен Бр. 6767320, даночен бр.4080012527207, Централен Регистар на Република Македонија) од м-р Иво Спироски, дип. инж. по Дизајн и технологии на мебел и ентериер.

Директор: Иво Спироски

 

За нас

АЈ – Ди Дизајн претставува мултидисциплинарно студио, лоцирано во Скопје кое работи во полето на архитектурата и дизајнот. Нашата цел е да достигнеме совршеност во дизајнот преку креативен и иновативен пристап. Притоа, врска помеѓу формата и функцијата е број еден приоритет во нашиот процес на работење.

 

Соработници

Студиото соработува со млади ентузијасти кои се истовремено и архитекти и дизајнери со нагласени афинитети кон едноставната форма. Ние се сметаме за топли минималисти.